ГЕИНГ е компанија која секогаш нуди нови предизвици. Секогаш бараме способни и мотивирани лица за технички, консалтинг и бизнис менаџмент позиции во сите сектори на нашата компанија.
Ако мислите на Вашата иднина и барате компанија каде што ќе може да ги реализирате вашите амбиции, ГЕИНГ е вистинската компанија за вас. Ние ги вреднуваме вештините, квалификациите и разновидноста во рамки на компанијата. Веруваме во градење и одржување на силни релации со нашите вработени и клиенти што овозможува хармонична работна средина.
Нашата компанија е секогаш отворена за соработка со лица кои сакаат и можат да го надминат својот работен ентузијазам. Ви нудиме можност за вработување, пракса и волонтирање.
Ако сте заинтересирани за работа во ГЕИНГ, Ве молиме дефинирајте го Вашиот интерес и пристапете ни преку испраќање на Вашата професионална биографија (CV) и Молба, односно Писмо на интерес на следната адреса:
1) Е-пошта: kariera@geing.com.mk
2) Факс: +389 (0) 2 3246-281
3) Адреса: ул. Борис Трајковски бр.111, 1050 Скопје, Македонија