Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл како партнер на проектот ЕКОМЕД учествуваше на X Conference AEIP APENA EFIB ECOMED која се одржа на Техничкиот Универзитет во Мадрид во периодот од 21 до 23 Ноември 2018.
Конференцијата покрај презентирањето на резултатите од проектот ЕКОМЕД, вклучуваше предавања и презентации на тема биоинженеринг на почва и вода во Медитеранскиот регион од страна на европски експерти кои имаат значајно искуство во користење на напредни биоинженеринг техники. Презентираното искуство е од големо значење за овој сектор бидејќи со истото е направен огромен придонес во развојот и напредокот на биоинженерингот во последните 20 години.
На конференцијата се додели и првото ECOMED-EFIB признание со кое беа наградени тројца најдобри автори на проекти за реставрација на предели со користење на најдобрите европски практики за биоинженеринг техники за почва и вода.
Геинг Кребс унд Кифер на почетокот на 2017 година како специјализирана инженеринг компанија и единствен претставник од Македонија зема учество во проект со научно истражувачка дејност наречен “Специјализиран процес на секторот за екоинженеринг во животната средина на Медитеранот (ECOMED)”. Конзорциумот кој работи на проектот ECOMED е составен од 14 партнери од осум земји (Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Турција и Македонија) од кои 5 се универзитети, еден истражувачки центар, 1 технички институт и 7 мали и средни претпријатија. Конзорциумот е под координација на Техничкиот универзитет од Мадрид.
Овој проект всушност претставува иницијатива за унапредување на процесот на специјализација на пределскиот биоинженеринг (landscape bioengineering) како и можност за генерирање на нови заедници и движења во овој сектор а сето тоа во рамките на Медитеранскиот регион.
Повеќе информации за проектот ЕКОМЕД можете да најдете на:
Веб: www.ecomedbio.eu
Twitter: @ecomedbio
Facebook: Ecomedbio-Erasmus+