Bacchus добива поттик на Балканот

Водоснабдувањето во Република Македонија е целосно реновирано - ова е добра вест и за винарите. Она што за Французите е Бордо, тоа е за Македонците Кавадарци. Во македонскиот град, виното се одгледува и произведува од четвртиот век п.н.е. Локалниот сок од грозје секогаш бил од исклучителен вкус, но тоа не може да се каже и за водата. Пред неколку години, местото каде што се наоѓа најголемата винарија во Југоисточна Европа, имаше сериозни проблеми со снабдувањето со вода.

"Во лето луѓето понекогаш немаа вода до дванаесет часа", вели Љубиша Јовановски,. владин претставник кој ја надгледува рехабилитацијата на системот за водоснабдување во Македонија. "Иак регионот е доста добро развиен, водоводните цевки беа со пукнатини и поради тоа несигурни". Всушност, системот во целата земја е застарен и има сериозна потреба од надградби на подолго време. Квалитетот на водата исто така е намален.

Импресивни резултати низ целата земја

Во 2010 година, Европската инвестициона банка и Владата на Република Македонија потпишаа заем од 50 милиони евра за зголемување на водоснабдувањето во руралните средини и подобрување на отстранувањето на отпадни води низ целата земја. Проектот го зголеми квалитетот на водата во повеќе од 84 општини, подобрувајќи ја животната средина и јавното здравје.


Филтер станица во Кавадарци
© Министерство за транспорт и врски / ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО

"Со помош на ЕИБ, изготвивме систем за оценување кој ќе одлучува кои проекти ќе ги финансира во секоја општина", вели Јовановски. Исто така, на општините им беше дозволено да поднесат повеќе од еден предлог-проект, доколку им се потребни обемни реновирања.”
"Повеќето од овие проекти беа мали," вели Марко Берош, водечки инженер за управување со води на ЕИБ ", но резултатите низ целата земја се доста импресивни".

Чиста вода за сите

Повеќе од 100.000 луѓе сега имаат подобра вода поради нови или надградени врски со системот за водоснабдување. Речиси 137 километри водовод и дистрибутивни цевки се изградени или надградени, кои вклучуваат повеќе од 15.000 приклучоци за водоснабдување.

"Уште поважно, квалитетот на водата се зголеми", вели Јовановски.
"Здравствените ризици од водата за пиење значително се намалија", додава Снежана Менковска, консултант што работи на проектот. "Луѓето денес пијат почиста вода".


Инсталација на водомери и вентили за намалување на притисокот во Дебар
© Министерство за транспорт и врски / ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО

Ништо не е залудно потрошено

Проектот, исто така, го подобри третманот и испуштањето на отпадни води, осигурувајќи дека се собира поефикасно и правилно се третира пред да се испразни. "На крајот конечно добивме шанса да го модернизираме канализациониот систем, кој не беше надграден, откако земјата стана независна", вели Јовановски.


Канализациски цевковод во Берово
© Министерство за транспорт и врски / ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО

"Заемот им овозможи на руралните области да преминат од септички јами во современа канализација", вели Берош. Досега се изградени или реконструирани повеќе од 181 километри канализациски цевки, поврзувајќи повеќе од 37.000 лица со санитарни услуги." Проектот, исто така, ги поддржува целите на Иницијативата за економска отпорност на ЕУ, нова програма која ја подобрува инфраструктурата и инвестира во услуги како чиста вода, подобра санитација и модерно управување со цврст отпад.

Одржување на традицијата

"Мислам дека применувањето на најдобрите светски практики во голема мера ќе ни помогне во иднина", вели Менковска. "Тоа е одлично искуство за идните апликации за проекти. Се надеваме дека ќе направиме чекор напред и во другите сектори." Во блиска иднина, луѓето од целата земја ќе пијат побезбедна вода поради токму поради овој проект. И во регионот на Кавадарци, можеби традицијата за производство на вино ќе остане и во наредни 2500 години.