Во организација на Македонскиот комитет за големи електрични системи Мако Сигре, од 24-26 септември во Охрид ГЕИНГ Кребс унд Кифер учестуваше на јубилејното десетто советување. На советувањето присуствуваа голем број претставници од компании, научно-образовни институции и други организации кои целосно или делумно се поврзани со проблематиката на електроенергетските системи и беа презентирани повеќе од 100 пријавени трудови во текот на три работни денови. Тимот на ГЕИНГ Кребс унд Кифер учествуваше со 4 реферати од кои три се презентираа, а еден беше постер сесија.