Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“ зема учество на III Меѓународна конференција ,,Квалитет и Компетентност 2017”, во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) и Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела (МАКЛАБ) која се одржа во Охрид од 14 до 16.09.2017.
Организациската цел на настанот е развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела преку презентирање на теми значајни за лабораторисата пракса и размена на искуства помеѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите од регионот и пошироко, што ќе има ефективни одрази во јакнење на националната инфраструктура за квалитет.