На 12 јули оваа година во просториите на Геинг Кребс унд Кифер во Скопје се одржа првата работилница на тема “Специјализиран процес на секторот за екоинженеринг во животната средина на Медитеранот“ организирана во рамките на проектот ЕКОМЕД. Целта на оваа работилница на која присуствуваа вкупно петнаесет претставници на домаќинот и седумте засегнати компании и институции од Македонија, беше детално запознавање со проектот, анализа, дискусија и одговор на прашања со чија помош ќе се креира слика за состојбата и условите во кои се наоѓа екоинженерингот во нашата држава. Анализата на фазите проектирање, изведба, едукација и тренинг како и компанисиките искуства во екоинженерингот, резултираа со изработка на извештаи кои ќе бидат појдовна точка за изработка на наставната програма за високообразовните институции во рамките на земјите од Медитеранот а која треба да се реализира со проектот ЕКОМЕД.
Овој проект е ко-финансиран од Еразмус + Програмата од Европската Унија и има за цел да креира нови начини за справување со предизвиците кои ќе следат во развојот на пределскиот биоинженеринг со користење на подобрени техники и нови приоди кон оваа гранка, земајќи ја во предвид како примарна специфичноста на условите во Медитеранскиот регион.
Повеќе информации за проектот ЕкоМед можете да најдете на:
Web: www.ecomedbio.eu
Twitter: @ecomedbio
Facebook: Ecomedbio-Erasmus+