ГЕИНГ @ Wizz Air Скопски Маратон 2017

На 07.05.2017, по 11-ти пат се одржа Wizz Air Скопски Маратон. Како и секогаш масовно и во позитивна атмосфера се промовираше трчањето како важен дел од здравиот начин на живот. Тимот на ГЕИНГ по 4-ти пат се натпреваруваше во Team Building трката на 5 km. Под мотото #geingruns4fun учество земаа повеќе од 60 натпреварувачи. Честитки до сите кои трчаа и дадоа свој придонес на овој спортски настан.