На барање на Инвеститорот, изведени се два експлоатациони Бунари за подобрување на водоснабдувањето на Општина Желино - Тетово. За оваа цел направени се теренски и кабинетски активности. Извршена е теренска проспекција и увид на теренот, со определување на локации на два експлоатациони бунари во квартерни седименти, претставени од алувијални седименти.
Изведени се два експлоатациони бунари со следните фази: подготвителни работи и изведба на базанти за дупчење на бунарот, ротационо дупчење на бунарот со пречник на дупчење 600 mm со употреба на вода како исплака, вградување на бунарска конструкција од пластични PVC цевки со пречник од 300 mm, вградување на филтерски засип - гранулат со големина на зрната од 4mm до 8mm, вградување на тампонски материјал во горната зона, прочистување на бунарите со употреба на чиста вода, прочистување на бунарите со употреба на компримиран воздух (аер - лифт) и тестирање на бунарите.
Од подземната вода направени се физичко-хемиски, бактериолошки и радилошки анализи од кои се добиени квалитативните карактеристики на подземната вода. Во текот на хидрогеолошките истражувања и изведба на експлоатационите бунари определен е коефициентот на филтрација, коефицинетот на водопропусност, радиусот на депресија на бунарите, капацитеот на подземната вода, предлог и избор на пумпи, начинот на експлоатација на двата експлоатациони бунари и заклучоци и предлог препораки.
Со изведбата на двата експлоатациони бунари добиени се дополнителни 30l/s, одредени се капацитетите и хидрогеолошките параметри со што се исполни целта за подобрување на водоснабдувањето на Општина Желино - Тетово.
- 1
- 2
- 3