Како прва фаза на истражните работи, извршена е инженерско геолошка и хидрогеолошка проспекција на теренот и негово инженерско геолошко и хидрогеолошко картирање, и геодетско снимање. Со цел определување на карактеристиките на теренот, извршено е истражно дупчење и копање на истражни бунари.
Како следна фаза, извршено е детално картирање на материјалот изваден од дупнатините и бунарите и земање на репрезентативни примероци за лабораториски испитувања т.е. дефинирање на физичко-механичките својства на застапените материјали на теренот.
Во текот на теренските работи е извршен и опит на стандардна динамичка пенетрација (SPT). Врз основа на сето тоа изработен е Елаборат во кој се презентирани резулатите од испитувањата:
• во графичкиот дел на Елаборатот се опфатени: геолошка, хидрогеолошка, сеизмичка и инженерско геолошка карта, поединечни профили, како и карактеристични попречни и надолжни профили;
• во текстуалниот дел на Елаборатот се наведени геолошките, хидрогеолошките и геомеханичките карактеристики на теренот. Врз основа на извршените геотехнички истражни работи, усвоени се избрани параметри на застапените материјали за понатамошна употреба. Дополнително, опфатени се карактеристиките на нестабилната зона, причините за нејзина појава, како и предлози за санација на нестабилноста на патот.
- 1
- 2
- 3