Отворање на нова регионална канцеларија во Битола

На 01.06.2016 (среда) ГЕИНГ КуК свечено ги отвори вратите на својата нова, веќе втора регионална канцеларија во Битола, во присуство на голем број гости, пријатели, соработници, претставници на институции и вработени. По првата успешно отворена канцеларија во Штип, веќе и Битолскиот регион ја има можноста да биде поблиску до услугите на ГЕИНГ Кребс унд Кифер и до широкиот спектар на експертизи. Канцеларијата располага и со Лабораторија за испитување на бетон и арматура која е снабдена со најнови инструменти и опрема потребни за извршување на испитувањата.

geing otvaranje rk bitola lenta