ГЕИНГ Компанијада 2015

На 10.07.2015 година ГЕИНГ го прослави својот 21-ви роденден со организација на Компанијада, настан кој оваа година се одржа по втор пат, во дворот на компанијата. Вработените имаа можност да земат учество во спортски и тим билдинг игри, да се натпреваруваат, наградуваат, дружат и слават. По доделувањето на наградите, забавата во одлична атмосфера и дружење, продолжија до доцните часови.