ГЕИНГ @ Job Fair 2015

На 10ти и 11ти март ГЕИНГ како партнер на Job Fair 2015 и прва компанија со која беше склучен овогодинешниот договор за учество, даде свој удел во интеграцијата меѓу студентите и компаниите и ги презентираше своите опции за вработување и кариерен развој.

Студентите имаа можност да стапат во директен контакт со компанијата, да го остават своето CV во електронска форма и да пополнат формулар со свои податоци, за да можат ГЕИНГ и останатите компании - учеснички на настанот да одберат квалитетен кадар, кој ќе придонесе во нивната работа.