ГЕИНГ @ Десетто Советување за водостопанство и хидротехника

Со цел да се заштити и унапреди водостопанската дејност, преку размена на искуства и трансфер на знаење, и оваа година во периодот од 18ти – 19ти септември 2014 година, во хотел Дрим – Струга се одржа Десеттото советување за водостопанство и хидротехника. Компанијата ГЕИНГ Кребс унд Кифер зема активно учество на советувањето на кое се даде акцент на применетата хидротехника, експертиза за која ГЕИНГ како компанија нуди иновативни инженерски решенија повеќе од една декада. Работниот дел на советувањето ги опфати темите: Институционална поставеност, законска регулатива, администрирање и стопанисување со води, Управување со води во услови на климатски промени и екстремни хидролошки услови и Истражување, проектирање, градба и одржување на хидротехничките објекти.