ГЕИНГ @ IV Симпозиум по Геотехника

Друштвото за геотехника на Македонија, оваа година по четврти пат, во периодот од 25ти до 28ми јуни во Струга, ги собра заедно истражувачите, научниците, инженерите и изведувачите од регионот и успешно ја реализира својата намера да ги спои инженерската теорија и практиката. Богатата програма од предложени теми резултираше со интересни реферати и дискусии кои беа презентирани во тек на два дена во шест работни сесии. На симпозиумот одржани беа и девет повикани предавања од познати автори и професори кои доаѓаат надвор од нашата држава.

Компанијата ГЕИНГ Кребс Унд Кифер како златен спонзор и како лидер во геотехничкото инженерство во Македонија, учествуваше со два труда со теми “Аспекти за примена на системи од армирана земја” и “Рехабилитација на потпорен ѕид на магистрален пат А3, делница Тројаци - Фариш” (А. Страшески; Х. Димитриески; К. Богева; А. Вета; В. Настова и Л. Ѓоргиевска) и истите беа презентирани во рамките на втората работна сесија.