ГЕИНГ @ Wizz Air Скопски Маратон 2014

11 Мај, 2014: Поддржувајќи ги иницијативите за хуманост, здрав живот, спорт, забава и дружење, тимот на ГЕИНГ беше дел од 300-те маратонци, 1000-та полумаратонци и над 4500 учесници во хуманитарната трка на 5 километри на масивниот настан Скопски Маратон 2014.

Тимот на ГЕИНГ успешно ја заврши Тим Билдинг трката на 5 километри. Спортски поздрав до сите учесници на маратонот, и Ве покануваме на повторно учество, во што поголем број и наредната година.