Кружен тек во населба Драчево

27 јануари, 2014: Во населба Драчево, пред мостот на Маркова Река, во иднина сообраќајот ќе биде регулиран со кружен тек. Изработката на идеен и основен проект за инфраструктура на улицата Борис Трајковски, на потегот од стакларницата до мостот, со вклучена ревизија, ќе го работи „Геинг Kребс унд Kифер интернешнл“. Град Скопје со нив склучи договор во висина од 5,6 милиони денари.

Станува збор за изведба на третата фаза од проектот за реконструкција и за проширување на улицата Борис Трајковски, која од Kисела Вода со стакларницата во изминативе години беше оформена како булевар.