ГЕИНГ @ Конференција за Механика на почви и Геотехнички Инженеринг

02-06 септември, 2013: Во периодот од 02.09.2013-06.09.2013 во Париз,Франција одржана е 18-тата Меѓународна конференција за механика на почви и геотехничко инженерство на која присуствуваа претставници од ГЕИНГ со трудот “Method of improvement of the subsoil under Adora facility” (проф. Љупчо Димитриевски, м-р Драган Димитриевски, м-р Дарко Илиевски, Борис Богоевски, Атанас Страшески).

Трудот беше презентиран со постер во рамките на постер сесијата која беше дел од конференцијата. Главните теми на конференцијата беа поврзани со развојот на геотехниката во различни области, како што се проблемите на подобрување на почви, геотехничко моделирање, стабилност на косини, длабоко фундирање и сл.