ГЕИНГ @ “Квалитет и Компетентност 2013“

13-15 јуни, 2013: Во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) и Македонското здружение на лаборатории (МАКЛАБ) од 13 до 15 јуни 2013г., во хотел Метропол Охрид, се одржа Меѓународната конференција на тема ,,Квалитет и Компетентност 2013”.

ГЕИНГ беше дел од Конференцијата, чија цел беше обезбедување придонес за развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела, лабораториската пракса и размена на искуства помеѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите од регионот и пошироко и секако унапредување на севкупниот квалитет на живеење.