ГЕИНГ @ Скопје Градот на Цвеќето

21 март, 2013: По повод Денот на пролетта, ГЕИНГ КуК беше дел од кампањата под мотото "Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата", чија цел беше засадување на што е можно поголем број садници од рози долж булеварите и другите јавни зелени површини во централното градско подрачје. Целта на иницијативата беше белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје, град со модерни луѓе, кои се грижат за еколошката димензија и општиот амбиент.

Целта на иницијативата беше белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје, град со модерни луѓе, кои се грижат за еколошката димензија и општиот амбиент. Компанијата ГЕИНГ КуК со особена чест, симболично го одбележа денот и по тој повод насади садници со бели рози. Покровител на оваа акција беше Министерството за животна средина во соработка со град Скопје, скопските општини и бизнис секторот.