Градежните проекти денес се сè покомплексни бидејќи технологијата постојано ги надминува границите. Поради човековата иновативност и склоност кон предизвици, зградите стануваат сè повисоки и поголеми, населени или посетувани од илјадници луѓе. Во овој свет кој рапидно се менува, барањата на инвеститорите за нови градежни материјали и технологии, легислативата и другите релевантни фактори се земаат во предвид од страна на инженерите и архитектите со цел да се сочува моментумот. Стручниот тим на ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО испорачува професионални архитектонски решенија за индустриски објекти, административни објекти, станбени објекти, енергетски објекти и инфраструктурни проекти. ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО нуди бројни услуги од областа на архитектурата, урбанизмот и енергетската ефикасност.
|
|
Услуги:
- Изработка на проектна програма
- Урбанистичко планирање
- Архитектонско проектирање
- Техничка спецификација и Предмер пресметка
- Ревизија на проектна документација
- 3D архитектонска визуелизација
- Енергетска ефикасност
|