Во Одделението за Заштита на животната средина работат искусни инженери кои поседуваат Потврда за стекнување на статус Експерт за стратегиска оцена на влијанието на проектите врз животната средина, Експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина, како и Уверение за вршење на работи за управување со отпад, издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Нивната експертиза е докажана низ многу проекти каде почитувањето на роковите и квалитетната работа беа препознаени од нашите клиенти како круцијални за успешна имплементација на целите на проектите. Нашите услуги вклучуваат проектирање, изработка на елаборати и студии за заштита на животната средина.
|
|
Услуги:
- Проценки за влијанијата врз животната средина
- Предфизибилити и физибилити студии
- Еколошки елаборати
- Подготовка на IPPC барања за А и Б дозволи
- Апликација на „чисти технологии“ во индустријата
- Мерки и технологии за енергетска ефикасност и апликација на обновливи енергетски извори
- Учество во и подготовка на локални и меѓународни EIA/ESIA проекти според Екватор принципите (Светска банка, ИФЦ и други финансиски организации)
- Мерење на ниво на бучава во работна средина
- Мерење на ниво на бучава во животна средина
- Мерење на хумани вибрации
|